Денковски: Посакуваме домашен триумф против Ерменија

98

Младата репрезентација на Македонија в четврток на комплексот Петар Милошевски од 17:00 часот го игра претпоследниот квалификациски дуел од оваа кампања против селекцијата на Ерменија.

Стандардниот голман за нашиот национален тим, Давид Денковски смета дека овој дуел ќе  биде добра можност да се поправи впечатокот пред се на домашен терен и да се финишираат квалификациите во добар стил.

„Тренираме и работиме вредно, атмосферата во тимот е добра. Не очекуваат последните два натпревари од овој квалификациски циклус кои ќе ги играме со посебни емоции. Сакаме да ја завршиме нашата приказна како што треба, со победи и да оставиме добар вшечаток за крај. За мене и за повеќето играчи кои се родени 2001 година ова ќе биде последен циклус во селекцијата до 21. Се надевам дека следните генерации ќе успеа да оставара поголем успех од нас. Првиот меч против Ерменија го играме дома, фокусирани сме целосно на тој натпревар, сакаме да оствариме победа, бидејќи играме пред нашите навивачи и семејства. Последниот меч од квалификациите играме против Украина, се работи за добар и квалитетен национален тим со одлични индивидуалци, но ние сакаме да оствариме добар резултат и на тој меч” – изјави Денковски.

 

ПретходноФудбалерите со готвач и храна летаат за Варна!
Следно“Мајсторка“ во Битола: Пелистер или Еуро Никел, кој ќе оди на мегдан во финалето против МЗТ?