Зверев го запре Алкараз и се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос

103

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос по победата над младиот шпански тенисер Карлос Алкараз со 3-1 во сетови (6-4, 6-4, 4-6, 7-6).
Германецот во текот на целиот меч држеше високо ниво на сервис, а Шпанецот немаше решенија за истиот и го доживеа првиот пораз по 14 едноподруго победи.
Зверев во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал кој се игра вечерва.

ПретходноПартизани на Бесарт Ибраими му нуди 60.000 евра годишно!
СледноПелистер ја доби “мајсторката“ и се “чекираше“ во финалето каде што го чека МЗТ Скопје!