Малинков е нов кормилар на Гостивар

130

Љупчо Малинков е нов тренер на кошаркарскиот клуб Гостивар. Откако мина одреден период на клупата на тимот на Приштина од Косово, Малинков се враќа во домашниот шампионат каде што ги предводеше екипите на Фени Индустри и Пелистери седнува на клупата на еден од најамбициозните клубови кај нас. Никола Димитриевски останува помошник тренер и во следната сезона.

Со ова, тимот на Гостивар покажува дека следната сезона има уште поголеми амбиции одколку до сега и дека ќе игра уште поважна улога во домашниот шампионат.

ПретходноГазета: Милан и официјално има нови сопственици
СледноКалин Ивановски елиминиран и во двојки на Ролан Гарос