Мариo Геце ќе игра за Милан?!

724

Марио Геце во Милан? Ова го пренесува германската телевизиска станица Спорт1 (некогашна DSF). Според нив некогашниот германски репрезентативец има клаузула во договорот со ПСВ Ајндховен според која може да биде ослободен ако некој плати 4-5 милиони евра.
Милан наводно го има на списот некогашниот играч на Борусија Дортмунд и на Баерн, а обештетувањето не би претставувало проблем. Ако ова е вистина, тоа ќе биде најчудната трансфер-приказна ова лето.
Новинарот Никола Скира пишува дека Милан ќе плати 4 милиони евра за откуп и ќе му даде на играчот плата од 3 милиони евра годишно.

ПретходноАлегри за Дибала: На моменти си мислеше дека е Меси
СледноПознато е колку навивачи без билети присуствувале на финалето во Париз