Македонската репрезентација веќе е во Варна. По летот кој траеше околу еден од Скопје, нашите национали пристигнаа во градот во кој ќе се задржат сосема малку. Веднаш тие патуваат со автобус до Разград, каде в четврток ќе одиграат меч од Лигата на Нации против домашната селекција на Бугарија.
Секако дека очекуваме победа на нашите фудбалери, очекуваме да ни приредат нова радост.