Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде дел од претстојните медитерански игри кои ќе се одржат од 25 јуни до 5 јули во Оран, Алжир.
Во силна конкуренција во која Македонија се најде во групата со Грција, Тунис односно Египет, нашиот национален тим ќе има можност за уште една добра интернационална претстава, со што сигурно дека ќе добиеме уште повеќе кредибилитет како одбојкарска сила надвор од нашите граници.