Официјално: Перишиќ е нов член на Тотенхем! (ВИДЕО)

156

Она што се најавуваше неколку денови од денеска попладне е и официјално. Имено Иван Перишиќ, еден од најдобрите хрватски фудбалери и досегашен член на Интер, е ново име во таборот на Тотенхем. Попладнево клубот од Лондон и офицјално го промовираше своето ново засилување.

Се разбира дека голема улога за овој трансфер има и тренерот Антонио Конте, кој пред две години му беше тренер на Хрватот во Интер и многу добри ги знае неговите квалитети.

Перишиќ и Тотенхем потпишаа двегодишен договор а се шпекулира дека тој ќе има поголема плата од Модриќ во Реал Мадрид.

ПретходноРолан Гарос: Новак против Рафа, нов епски спектакл!
СледноНационалите “СЛЕТАА“ во Варна! (ФОТО)