Се уште не е расчистена прашината околу финалето од Лигата на шампионите на „Стад д’Франс“ во Париз. Реал Мадрид го совлада Ливерпул со 1:0 и ја освои титулата, но мечот беше одложен после хаосот пред влезот на стадионот. Навивачи на Ливерпул се обидоа да влезат без билети на стадионот, обезбедувањето беше немоќно да ги спречи поради што почетокот на мечот доцнеше половина час.
УЕФА ги обвини навивачите за доцнење на натпреварот, а сега е познато колку присуствувале со лажни билети или без билети. Откриено е дека околу 2800 навивачи „илегално“ присуствувале на трибините на „Стад д’Франс“. Ова го пренесе француски „РМЦ“.
Дома Меѓународен фудбал Лига на шампиони Познато е колку навивачи без билети присуствувале на финалето во Париз