Ричлиев дефинитивно отпаѓа за мечот со Албанија

294

Првото либеро на нашата одбојкарска репрезентација, Костадин Ричлиев и дефинитивно отпаѓа од комбинација за утрешниот меч со Албанија во 3. коло од групнатафаза на Европската сребрена лига. Ричлиев го повреди рамото на мечот со Романците, а последните информации велат дека тој нема скоро никакви шанси за настап, па селекторот Павличевиќ ќе мора да бара ново решение за оваа позиција.

Одлуката кој ќе биде замената на позиција прво либеро ќе биде донесена по денешните последните тренинзи и состаноци на нашата репрезентација во кои се кове стратегијата за утрешната пресметка со Албанија. Прва опција е Васе Михаилов, но останува да се почека селекторската одлука.

Македонија утре од 20.15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се обиде да ја оствари и втората победа во групата, прва над Албанија со која во подготовките за оваа Сребрена лига одигравме два контролни меча во кои имавме победа и пораз.

ПретходноРакометарките на МИ 2022 во силна конкуренција
СледноУЕФА одлучи: Бензема е играч на сезоната во Лигата на шампионите!