Вечерва нешто пред 21 часот би требало да започне 59-тиот дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Дуел од 1/4 финалето на Ролан Гарос. Засега Србинот води со 30 спрема 28 во победи, но на земја Шпанецот е подобар.
Секако ќе следиме тенис за уживање, па играат двајцата од тројцата најдобри во историјата на овој спорт. Заедно имаа 41 гренслем титули, и затоа се очекува нов епски спектакл.
Новак досега во изминатиот дел од турнирот речиси и да немаше проблеми, Рафа пак победуваше со малку повеќе проблеми. Но ова е меч во кој двајцата фантастични тенисери ќе мора да го дадат и повеќе од својот максимум ако сакаат да се пласираат во полуфиналето, а со тоа и да се надеваат на нов трофеј во своите кариера.
Новак против Рафа, меч за уживање, меч кој ќе се следи во еден здив, посакуваме еден спектакуларен маратон во пет сета.