Како што дознава „Спортмедиа“, легендарниот некогашен фудбалер од БиХ, некогашен репрезентативец на екс – СФРЈ, Мехмед Баждаревиќ добил понуда од Шкендија да дојде во Тетово и да ја преземе клупата на еден од нашите најголеми клубови. Сепак популарниот Меша, се заблагодарил и не ја прифатил истата, иако тој во моментов нема тренерски ангажман.
Па така иконата на Жељо, капитенот на тимот од 80-тите години на минатиот век, некогашниот селектор на БиХ и екс – тренер на неколку познати клубови во Франција останал само пуста желба на раководството на Шкендија.
Па така тетовци и натаму се без тренер, од вчера почнаа прегледите а со тоа и летните подготовки, а засега тимот го предводи Артим Шаќири.