Поранешниот бразилски напаѓач Жонас Гонсалвес е приведен на аеродромот во Лисабон. 38-годишниот јужноамерикански фудбалери, кој во кариерата играше за Валенсија и за Бенфика, е еден од осомничените во случајот „Oфсајд“, заедно со други фудбалери, бизнисмени и посредници кои се теретат за даночни измами и перење на пари.
Жонас бил задржан по наредба на Интерпол, пишува португалска „А Бола“, а потоа испрашуван од двајца даночни инспектори.
Жонас ја заврши кариерата во 2019 година, а за Бенфика одигра 183 натпревари и постигна 137 гола што е втор најдобар стрелец-странец во клубот после Оскар Кардозо.
Обвиненијата во случајот „Офсајд“ се за 34 договори во португалскиот шампионат. Под лупа се договорите на репрезентативецот и фудбалер на ПСЖ Данило Переира за периодот во Порто, како и Бруно Сезар од Пењафиел за договорот со Спортинг Лисабон…