Кристијан Ефтимов следната сезона ќе биде дел од тимот на Силекс. Досегашниот играч на тимот на Борец и екс македонски младински репрезентативец ќе ја засили левата бековска позиција на кратовци и повторно ќе игра прва лига, затоа што Борец сезонава испадна од елитата.
Силекс очигледно дека е најактивен на трансфер пазарот на стартот на летниот преоден рок и веќе ги потврди Андреј Ричков, а еве сега и Кристијан Ефтимов.
Кратовци велат дека до стартот на подготовките ќе има уште неколку нови имиња.