Калин Ивановски елиминиран и во двојки на Ролан Гарос

93

Македонскиот тенисер Калин Ивановски и неговиот спаринг партнер во двојки Ерик Арутиуниан од Русија се поразени во прелиминарната фаза од турнирот за „дубл“ на Ролан Гарос од двојката од Чешка односно САД Ким и Бартон.

Конечните 2:0 по сетови, (7:5 тај брејк, 7:5) беа производ на неизвесен меч во кој одлучуваа деталите односно поединечните грешки во неколку поени.

Со ова Ивановски ги заврши борбите на Ролан Гарос годинава, откако загуби и во порвото сингл коло од бразилецот Жоао Фонсека.

 

ПретходноМалинков е нов кормилар на Гостивар
СледноАцковски пристигнува на Чаир, Стоилов заминува во странство