Аријан Адеми, еден од нашите најдобри фудбалери и капитен и најтрофеен фудбалер на Динамо Загреб во историјата на клубот, би можел ова лето да ги напушти “модрите“.
Како што известуваат медиумите во Хрватска, Динамо Загреб нема намера така лесно да го пушти својот капитен, и затоа ќе бара за отштета најмалку 5 милиони евра.
Исто така се шпекулира дека до Адеми и Динамо Загреб пристигнала понуда, но засега не се открива кој е тимот кој го посакува нашиот репрезентативец.