Како што и беше планирано, А-репрезентацијата на Македонија, подмладена, но и доволно силна, денеска попладне со чартер – авион летна за Варна. Од таму потоа со автобис ќе се патува до Разград, каде задутре во 18 часот во меч од Лигата на Нации ќе и гостуваме на Бугарија. Меч од голема важност, и не само спортска.
Атмосферата пред летот за Варна во нашиот табор е одлична, насмевки, верба во себе и во своите квалитети, нема дилеми дека сите ние, а пред се момците на селекторот Благоја Милевски, посакуваме победа.
Со три бода да го стартуваме овој циклус во Лигата на Нации.