Интернационалецот од БИХ, Павле Петровиќ и натаму ќе биде дел од тимот на Е.Пелистер 2, откако денеска и официјално потпиша нова едногодишна соработка.
Тимот одлично функционира во последните сезони и нема потреба од менување, па Петровиќ како еден од најистакнатите поединци нормалное да добие нов договор како награда за досега одиграното.
Петровиќ за првпат ќе го предводи тимот на Еурофарм Пелистер 2 во европските клупски натпреварувања во сезоната 2022/23.