Роналдо го натерал раководството на Јунајтед да го реновира базенот во клупскиот спортски центар!

280

И тоа го има во најголемите клубови во светот, барем Манчестер Јунајтед е еден од тие. Но и покрај тоа Кристијано Роналдо имал забелешка на условите. Имено базенот кој се наоѓа во клупскиот спортски центар не бил реновиран цели 12 години, според него тој бил опасен по неговото здравје и одбил да го користи. Плочките биле напукнати, а делови од него биле руина.

По оваа забелешка раководството на Јунајтед одличило дека е време за реновирање на базенот, секако дека мора секоја желба на својата најголема ѕвезда да биде исполнета.

Инаку спортскиот центар на Јунајтед е стар веќе 22 години, и кога беше отворен во далечната 2000 година важеше за најмодерен во светот.

ПретходноФинансиите во „црвено“: Барса не може да ги регистрира Кеси и Кристенсен?
СледноТрајковски од Е. Пелистер 2 се сели во РК Алкалоид