Дибиров од Вардар е номиниран за Ол стар тимот на ЛШ

155

ЕХФ ги објави играчите кои конкурираат за Ол стар тимот за Лигата на шампионите за сезоната 2021/22. Се гласа преку интернет апликацијата https://app.eurohandball.com/ и ќе трае до среда, 15 јуни на полноќ.
Четирите клубови кои играа на Ф4 турнирот во Келн имаат најмногу номинации. На списокот е и еден играч на Вардар, а тоа е левото крило Тимур Дибиров. На списокот е и еден македонски ракометар, тоа е голманот Никола Митревски кој игра за Порто.
Ол стар тимот ќе биде објавен на 17 јуни на пладне.

ПретходноВо овие искинати копачки освоил пет титули во ЛШ
СледноАлегри за Дибала: На моменти си мислеше дека е Меси