УЕФА одлучи: Бензема е играч на сезоната во Лигата на шампионите!

234

УЕФА го прогласи Карим Бензема од Реал Мадрид за играч на сезоната 2021/22 во Лигата на шампионите на УЕФА. Францускиот напаѓач беше главната фигура во составот од Мадрид и ги доведе до рекордната 14-та европска титула, негова петта откако дојде од Лион во 2009 година.

Винисиус Жуниор, пак, ја доби наградата за млад играч на сезоната. УЕФА исто така го направи изборот и за „Тим на сезоната“ во кој се најдоа дел од ѕвездите кои блеснаа во рамките на оваа натпреварувачка сезона.

ПретходноРичлиев дефинитивно отпаѓа за мечот со Албанија
СледноПавле Петровиќ и натаму дел од Е.Пелистер 2