Финансиите во „црвено“: Барса не може да ги регистрира Кеси и Кристенсен?

364

Проблемите во Барселона немаат крај. Каталонците останаа без Лионел Меси поради огромните финансиски проблеми во кои се најде клубот минатата сезона, а сега таа приказна повторно е актуелна. Каталонски „Спорт“ објави дека клубот повторно е во огромни проблеми.

Чави побара многу засилувања за следната сезона, а иако веќе се договорија да дојдат во клубот, Френк Кеси и Андреас Кристенсен нема да можат да играат за Барселона доколку клубот прво не продаде некоја од своите ѕвезди за големи пари.

Финансиите на каталонскиот гигант се уште се во тотален неред, а иако Филипе Кутињо беше продаден, а Усман Дембеле реши да не го продолжи договорот, тоа нема да биде доволно за да се „закрпи“ дупката во буџетот. Ла Лига нема да дозволи Барселона да додава играчи во својот тим додека не ја подобри ситуацијата на своите сметки.

Се уште кружат гласини дека Каталонците ќе ги доведат Рафиња од Лидс и Роберт Левандовски од Баерн, но моментално ситуацијата е таква што мора да најдат пари за прво да ги регистрираат Кеси и Кристенсен.

ПретходноФановите на Е.Пелистер го „соблекоа“ Секељи (ВИДЕО)
СледноРоналдо го натерал раководството на Јунајтед да го реновира базенот во клупскиот спортски центар!