Фудбалерите со готвач и храна летаат за Варна!

1926
Попладнево националниот тим заминува за Бугарија каде во четврток ја има премиерата од новата фаза во Лигата на нациите. Нашиот источен сосед сакаше да избега далеку, што подалеку од нашите греаници, па така одлучи овој прв официјален меч со Македонија да го игра далеку од Софија, во Разград.
Фудбалерите, стручниот штаб и делегавцијата на ФФМ во 16 часот летаат со чартер лет Скопје – Варна, а од таму има цел час возење со автобус до Разград. Таму нема претерано добри услови за сместување иако стадионот на Лудогорец е според сите критериуми на УЕФА и ФИФА. Тенки се сместувачките капацитети во Разград и поради тоа дел од експедицијата ќе биде сместена во Варна, новинарите во Шумен а само фудбалерите се во малото градче на североистокот на Бугарија. Тоа е како ние да ги угостиме бугарите во Ресен, нивната делегација да биде сместена во Охрид а новинарите во Битола.
ФФМ треба да размисли што и како за дуелот во септември со Бугарија кој го играме како домаќини. Она што е интеррсно за денешниот лет е тоа дека покрај свој готвач со чартерот ќе се носат и дел од намирниците за храната на фудбалерите. Ништо не се остава на случајност. Сепак тоа е Разград а не Софија или некој друг од поголемите градови кај нашиот сосед со кој во последниве неколку месеци и немаме добри односи.
Иако без неколку стаднардни првотимци Македонија оди да не загуби во Разград со што битката за лидерската позиција во нашата група во Лигата на нации ќе биде пореална. Во нашата група од Ц зоната се и селекците на Грузија и Гибралтар. За првпат нашиот национален тим во еден термин за репрезентативни дуели ќе одигра дури четири средби. Покрај Бугарија ние гостуваме и на Гибралтар на 5 јуни, додека Грузија и Гибралтар гостуваат во Скопје на 9 и 12 јуни.
ПретходноОдбојкарите повторно дел од медитеранските игри
СледноДенковски: Посакуваме домашен триумф против Ерменија