Црногорецот Бубања се врати во Победа, тој ќе ја предводи во ПМФЛ!

2591

Славољуб Бубања е новиот шеф на струката на ФК Победа. Интересно, тој по четири години се враќа во Прилеп, откако беше стратег на Победа во сезоната 2018/2018 кога овој тим играше во нашата елитна лига.

Тоа значи дека прилепчани нема да бидат предводени од Димитар Капинковски, стратегот кој ја внесе екипата на Победа во Првата лига и тие се решија за странски тренер, и тоа добро познато лице во името на Бубања.

Инаку Бубања досега, покрај Победа, бил тренер и на екипите на Бокељ, Морнар и уште неколку клубови од Црна Гора.

ПретходноЛегендарниот Емил Костадинов: Бугарија има квалитет да ја победи Македонија!
СледноПартизани на Бесарт Ибраими му нуди 60.000 евра годишно!