Андоновски и Димов ги продолжија договорите со РК Пролет

44

Екипата на РК Пролет ги продолжи договорите со двајца клучни играчи од изминатата сезона, Ласко Андоновски и Мартин Димов. Искусниот 30-годишен Андоновски кој игра на централната бековска позиција ја продолжи соработката со РК Пролет и со тоа остана верен на клубот и по цели десет години откако првпат потпиша со овој клуб во 2012 година.

Чест ми е и задоволство што и после десет години соработка ќе продолжам да го носам дресот на Тинекс Пролет, клубот во кој ги доживеав најубавите моменти од мојата кариера. Очекувам навистина успешна следна сезона согласно и амбициите, името и реномето на овој клуб кои ги ужива во македонскиот ракомет – истакна Андоновски.

А десното крило Мартин Димов по одличната сезона доби продолжување на договорот за уште две години. Истовремено искусниот голман Јане Цветковски реши да ја заврши кариерата.

Инаку клубот досега потпиша и со репрезентативецот Томи Јагуриновски, а наскоро клубот ќе ги објави и новите засилувања.

ПретходноКитевски не е веќе директор на машките и женските репрезентации!
СледноПознат распоредот за финалето, МЗТ стартува на домашен терен