Кипре се “чекира“, Разград доаѓаме! (ФОТО)

819

Македонското знаеме е во Разград од денеска, и тоа носено во рацете на дел на нашите фанови. Кипре, еден од нашите најпознати фанови, кој не пропушта настап на било која наша репрезентација, веќе се “чекираше“ во Разград. Без разлика на се, утре нашата репрезентација ќе ја има поддршката од фановите на мечот со Бугарија, во Лигата на Нации.

Секако дека далечината си го направи своето, тоа и беше намерата на организаторот на овој меч, на Бугарите, да се игра во Разград место во Софија, да се намали бројката на нашите фанови, но секако Кипре и останатите се тука, како и секогаш.

Секоја чест за таквите фанови на Македонија.

No description available.

ПретходноКирил Десподов: Со срце кон победа!
СледноМане потпишува тригодишен договор, Ливерпул ја одреди цената!