Китевски не е веќе директор на машките и женските репрезентации!

266

Левче Китевски не е веќе директор на машките и женските ракометни репрезентации. Оваа вест ја официјализираа од Ракометната федерација со соопштение во кое се вели дека РФМ и Китевски, на 31 мај 2022 взаемно се спогодиле за прекин на соработката и тоа на негово барање.

Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и досегашниот Директор на машки и женски репрезентации г-дин Левче Китевски на 31.05.2022 взаемно се спогодија за прекин на соработката.

Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации во периодот јуни 2020 – мај 2022 година.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија“ се вели во соопштението на РФМ

ПретходноМал интерес од Македонија – само 2 автобуси тргаат за Разград!
СледноАндоновски и Димов ги продолжија договорите со РК Пролет