Пато за Анчелоти: Беше како Џејмс Бонд, во Милан на тренинг доаѓаше со хеликоптер

310

Поранешниот фудбалер на Милан и бразилската репрезентација Александре Пато за „Плејерс трибјун“ зборуваше за неколкуте авантури што ги имал во текот на кариерата.

Тој зборуваше за времето во Милан и за соработката со Карло Анчелоти, актуелниот тренер на европскиот и шпански шампион Реал Мадрид.

„Сите ја видовте фотката од него на парадат во Мадрид, со наочарите и пурата? Тоа не е ништо, во Милан знаеше често да дојде на тренинг со хеликоптер. Живееше во Парма и неговата сопруга знаеше да лета хеликоптер. Ќе се појавеше како Џејмс Бонд. Карло знаеше да живее со стил“, изјави Пато.

Бразилецот сега игра за Орландо Сити во интервју го опишува својот живот кога заиграл фудбал, па животот во Милано, па Шпанија и Кина и се до Америка.„Кога отидов во Кина, раскинав со девојката и се преселив таму со пријател. Зошто отидов таму? Да се поврзам самиот со себе. Никогаш немав време да ја погледам пошироката слика. Отидов во погрешен правец. После Кина се уште бев сам, па одлучив да уживам во слободата. Отидов во Лос Анџелес. Го сакав најдобриот хотел, најдобриот автомобил, најдобрите журки. Завршив на едно место каде девојка покрај мене шмркаше кокаин. Си реков: Што барам овде? Не го сакав ова. Тоа беше празен свет. Го прашав пријателот: Зарем остатокот од животот ќе го поминам сам? Се вратив во Бразил и ја поканив својата пријателка Ребека на кафе. Зборувавме, се смеевме, уживавме… Си реков, ова е тоа што го сакам“, раскажува Пато кој се свртел и кон религијата.

Библијата ги имаше сите одговори кои ги барав. Ја подигнав главата кон небото и реков: Господе, не знам што да правам, не го сакам веќе овој живот. Тој ден животот ми се промени. Од тогаш живеам во друга реалност. Кога отидов во Орландо и го повредив коленото минатата година, можев да се распаднам. Следниот ден одлучив да се вратам посилен и сега знам се за повредите на коленото. Ако некој има повреда на колено, нека ме повика мене – д-р Пато“, изјави Бразилецот.

ПретходноБарса е во очај: Го изнајмува теренот на “Камп Ноу“ за 300 евра!!!
СледноЈасен Петров: Фудбалот да ја победи политиката!