Мал интерес од Македонија – само 2 автобуси тргаат за Разград!

350

Околу 200 наши навивачи ќе се појават уттре на стадионот на Лудогорец во Разград да ја бодрат Македонија на дуелот со Бугарија. На домаќините им успеа финтата и да се спасат на трибините да има што е можно помалку навивачи од нашата земја. Одлуката да играат во Разград кој е 600 километри од Скопје им донесе позитивни вести на бугарите.

Интересот за билети е слаб. Вечерва во организација на ФФМ од Скопје со навивачи ќе тргнат само два аавтобуси“, ни ја потврди веста Златко Андоновски портпаролот на ФФМ. Тоа значи дека околу стотина наши навивачи ќе патуваат организирано и уште толку во сопствена режија иако според договорот Бугарите дадоа околу 1.000 билети за гостински навивачи.
Стадионот во Разград собира околу 10.000 гледачи и тој е според сите стандарди на УЕФА и ФИФА. Да се играше во Софија ќе имаше друга пориказна и околу 3 до 4.000 наши навивачи.

ПретходноЛевиот бек Тоше Ончев потпиша за ГРК Охрид: Ме привлече нивниот проект…
СледноКитевски не е веќе директор на машките и женските репрезентации!