Пол Погба, еден од најдобрите фудбалери во светот не е веќе дел од Манчестер Јунајтед. Французинот кој долго години беше член на гигантот од “Олд Трафорд“ од денеска и официјално е екс фудбалер на овој клуб. Она што се најавуваше и се оствари. Репрезентативецот на Франција посака кариерата, откако му заврши договорот со Јунајтед, да ја продолжи во друг клуб, и тоа и ќе го оствари.
Разделбата ја потврди и самиот клуб кој на социјалните мрежи со пригодни зборови му се заблагодари на Пол Погба.