Познат составот со кој Бугарија ќе тргне во Разград, само една промена во средниот ред

565

Играчот од средниот ред на Левски, Филип Крастев, ќе го замени Кристијан Малинов во стартниот состав на Бугарија против нашата репрезентација на утрешниот прв меч од групата 4 од Ц-сегментот во Лигата на нации.

Малинов, кој настапува за белгиски Левен, се пожалил на болки, а селекторот Јасен Петров одлучил да го замени со Крастев во стартниот тим.

Поради повреди Бугарија утре е и без Едисон Јорданов, Радослав Кирилов и Георги Јомов.

Најавата од бугарските медиуми вели дека Бугарија утре ќе почне со Николај Михаилов на голот, во одбраната ќе бидат Антон Недјалков, Иван Турицов и браќата Андреа и Петко Христови.

Во средниот ред освен Крастев ќе играат и Ивајло Чочев и Тодор Неделев. Георги Миланов и Кирил Десподов ќе бидат на крилните позиции, а централно во нападот се очекува да стартува Атанас Илиев.

ПретходноНе паметат ваков инцидент: Тренер удри по колегата, па сакаше да го тепа претседателот (ВИДЕО)
СледноНово обвинение за Менди: Му „накалемија“ уште едно, осмо силување