Повратникот во ПМФЛ, екипата на Силекс не престанува да се засилува за она што ги чека кратовци во новата сезона. Па така ново име во тимот на стратегот Горазд Михаилов е и Георгие Јанкулов, досегашниот фудбалер на Борец, инаку младински репрезентативец на Македонија.
Станува збор за млад десен бек кој има само 20 години, а пред извесно време беше член на младинската школа на Ц. Звезда, односно У-17 тимот на балканскиот гигант.