Секој од играчите на Реал Мадрид ќе добие чисти 1,3 милиони евра како премија за триумфот во Лигата на шампионите и освоената титула во шпанското првенство, објави весникот „Ел Мундо Депортиво“.
За победа во финалето над Ливерпул, играчите на „кралскиот клуб“ ќе инкасираат чисти 800.000 евра, а за освоената 35 титула во Шпанија ќе добијат уште по 500.000 евра.
Интересно, тренерот на тимот Карло Анчелоти ќе добие помал бонус, околу 1 милион евра за двата успеха.