Утрешниот дуел против Бугарија ќе биде во фокусот за Енис Барди кој ќе се појави во улога на капитен на репрезентацијата. И тоа нема да му биде првпат. Тој веќе беше капитен на мечот со Ерменија кога постигна три гола како предводник на нашиот А- тим. Фудбалерот на Леванте во изминатите 7 години на 44 средби го носеше дресот на Македонија а постигна и девет голови.
“Ние имаме искуство и порано кога други беа фаворити па ние ги победивме. Да бидеме паметни, да дадеме максумум на терен за да го победиме утрешниот меч и оние кои следат. Ни треба победнички менталитет, овие средби кои следат ќе бидат ппотешки од оние кои се зад нас…„
Околу шансите на нашиот тим за утрешниот меч!?
„Многу ни е битна оваа нова лига на нации. Имаме многу освежувања во тимот. Сите сме спремни и дај боже да почнеме со позитивен резултат. Секој меч ни е битен…“
За капитенската лента и улогата на лидер!?
„Чест е да ја носам капитенската лента на Македонија. Јас ја носам лентата но сите на теренот треба да бидеме капитени. Сите сме битни… Најважно е да се има успех, добар резултат… Последниот пат кога бев капитен дадов три гола, пред секој меч си збориме секој еден со друг и немаме посебен ритуал. Така ќе биде и утре…“.