Барселона му должи на Пике 50 милиони евра

256

Каталонскиот гигант е во големи финансиски проблеми, кои го достигнаа највисокото ниво за време на пандемијата кога немаше никакви приходи, па раководството на клубот мораше да скратува дел од трошоците.

На голема среќа голем дел од играчите се согласија да играат за помала плата, па остантиот долг да им биде исплатен во следните години. Еден од нив е Жерард Пике. Според шпанските медиуми раководството на клубот му должи 50 милиони евра.

Пике е дете на Барселона, кариерата ја почна во младинските селекции. Во каталонскиот гигант се врати во 2008 година, освои се што можеше, одигра 606 натпревари и постигна 52 гола.

ПретходноПроблеми за Петров: Бугарите без Јомов и Галабов!
СледноЃорѓиев ќе се бори за европска титула во кикбокс!