Гонзо: Фудбалот да нè зближи, сакаме победа!

309

Ѓорѓи Иванов – Гонзо е легендарен голгетер на Бугарија и Левски и сегашен шеф во структурите на Бугарсјкиот Фудбалски Сојуз (БФС), каде не цветаат рози каде Боби Михајлов е шеф а Димитар Бербатов и Стилијан Петров се опозиција.
Бугарскиот репрезентативен фудбал е далеку од она што сите тува во Бугарија посакуваат да биде но сега кај нашиот источен сосед се надеваат на подобри ветришта и резултати.
Влогот за дуелот со Македонија е голем затоа што во оваа група ние се надеваме на прво место и затоа треба да победиме. Спортот не треба да прави политички проблеми помеѓу Бугарија и Македонија, затоа што во крајна сметка спортот насекаде треба да носи мир и среќа“, изјавува Гонзо за медиумите во Бугарија во пресрет на утрешната битка со Македонија во новата фаза од Лигата на нациите.

Амбициозни сме, треба да ја победиме Македонија. Имаме подмладен состав кој е изграден од квалитетни играчи. Секој еден од фудбалерите треба да знае дека станува збор за натпревар на кој се бранат државните бои. На дуелот со Македонија не треба да имаме притисок. Фудбалерите на овиој меч не ја бранат само сопствената чест туку играат и за честа на цела Бугарија“.

Бугарија и Македонија утре во Разград ќе ги одмерат силите во првиот меч од новата фаза од Лигата на нации на стадиониот на Лудогорец. Средбата почнува од 18 часот по наше време.

ПретходноМанчини: Аргентина е силна, но силни сме и ние, вечерва заокружуваме еден циклус
СледноПо 10.000 евра премија за Италија – 500.000 за Лига нации!