Веднаш по пресот, на кој пред новинарите свој коментар имаа селекторот Милевски и капитенот Барди, нашите национали го одработија оној вообичаен и задолжителен тренинг во пресрет на утрешниот меч со Бугарија, во рамките на Лигата на Нации. Имаа можност да се адаптираат на „Хувефарма Арената“ во Разград која е во сопственост на ФК Лудогорец. Одлична атмосфера, опуштен тренинг, мало “загревање“, тактиката е веќе готова и тоа во Скопје. Доцна попладнево нашите момци имаа задача од Милевски само да одработат еден тренинг како своевидно загревање на се она што ги чека утре.
А утре ги чека меч од кој цела наша јавност посакува тие да покажат кој е кој во моментов во фудбалот.