Кај што почна Бугарија – тука дојде Македонија…!

1275

Македонската фудбалска експедиција е во областа Шумен со истоимениот град под чии што административни „граници“ е и Разград, градче кое во послената деценија благодарение на Лудогорец е епицентарот на бугарскиот клубски фудбал.

Бугарите се горди на Шумен. Тука е на во Пирин е се нивните почетоци, тука се формирале како држава. Тука е и огромниот соменик со кој се одбележани и 1300 годините од формирањето на бугарската држава. Тука каде што почна Бугарија, тука дојде Македонија, за фудбал, за прв официјален меч за бодови со источниот сосед.

Сосед кој последниве години не ни е омилен и сосед кој и на фудбалски план е послаб од нас. Разочарување и шок…! Таква е сликата од прва на фудбалерите по пристигнувањето во Разград но таков е и впечатокот на новионарите кои се во Шумен, град кој како е Париз за Разград. Фудбалерите се во хотел во кој си имаат сопствен готвач а си донесоа и храна. Условите далеку под нормалните но што е тука е…

Тешките темници и празните улици утрово беа заменети со жешко време и атмосфера која во нити еден сегмент не кажува дека тука утре ќе има некаков си фудбалски натпревар. Народот како и кај нас окупиран со политика, ценовните шокови и преживувањето од ден за ден… Сепак што е тука е … Некој дал зелено светло и таа одлука треба да се почитува но со умисла дека оваа лекција треба да се научи па со тек на време да се врати во иста мера.

ФОТО: ФБ – Разград

ПретходноПознат распоредот за финалето, МЗТ стартува на домашен терен
СледноНасловните во бугарските весници со информации од “Спортмедиа“… Елмас вреди колку сите Бугари заедно! (ФОТО)