Дуелот со Македонија селекцијата на Бугарија одлучи да го игр во Разград место во кое настапува и нивниот капитен Кирил Десподов. Тоа е мотив повеќе за фудбалерот на Лудогорец кој на домашен терен и пред своите навивачи во Разград ќе ги предводи бугарите на пресметката со Македонија.
„Националниот дрес има посебна тежина и сите знаеме колку е важно да играме добро на теренот. На сите ни е јасно за утрешниот меч дека ќе биде едно силно дерби и попаметниот на теренот ќе дојде до победата. Тоа ќе бидеме ние, треба да одиграме со срце. Време е оваа наша генерација која е подмладена да бележи резултати. Треба да има напредок затоа што зад себе имаме неколку добри натпревари. Да победиме, тоа сакаме… Сите сме фокусираме на дуелот со Македонија а потоа ќе мислиме на другите предизвици. Се надевам на полни трибини и поддршка а ние да им вратиме со победа“, е ставот на капитенот на Бугарија за дуелот со нашиот национален тим.