Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на Англија, Хари Мегваер оваа сезона се најде под сериозни критики од страна на навивачите на клубот, но не само тоа туку и поширокот кога игра за англиската репрезентација. 29-годишниот дефанзивец во интервју го коментираше односот со навивачите.
„Прифаќам луѓето да ме озборуваат, да ме критикуваат или навредуваат. Тоа е добро затоа што осознавам во кој сегмент од играта треба да се подобрам. Често луѓето ме прашуваат како критиките влијаат врз мене. Ментално сум доволно силен што тоа воопшто не ме вознемирува.
Но кога ќе почнат закани кон мојата фамилија тогаш сум нервозен. За среќа моите деца се уште мали и не можат да причитаат што се пишува во медиумите. Да бидам искрен малку сум шокиран од тоа што англиските навивачи ме исмејуваат. Секогаш сум имал добар однос со нив.
Да се случеше порано во мојата кариера, можеби ќе бев лут поради тоа. Сеге не. Знам што се направив за мојата земја во последните пет години и горд сум на тоа “, изјави англискиот фудбалер.
Англија во Лигата на нации ќе игра со Унгарија, Германија и Италија.