Веќе два дена нашиот национален тим е во Разград каде утре го отвараме новиот циклус од Лигата на нации. Пред единствениот и официјален тренинг селекторот Благоја Милевски се појави на прес конференцијата. Бугарите ја префрлаат топката дека ние сме фаворити на што нашиот селектор одговори: „Секогаш за мене фаворитот треба да се покаже и докаже на самиот терен. Фаворити во денешниот фудбал не постојат. Кој е фаворит на нашата група? Сме во група со изедначен квалитет и затоа фаворит пред почетокот не може да се каже кој е. Единствена цел е да се даде максимумот на овие натпревари и да се оствари посакуван резултат. Горд сум кога момците го даваат максимумот на теренот“.
Баражите за СП се одамна зад нас. На почеток сме на нов циллус на Лига на нации кои ги почнуваме со проблеми и без неколку стандардни репрезентатривци. Од друга страна ова е добра можност да се проверат квалитетите на останатите играчи кои се повикани. За можни провокации од навивачи, на терен…
„Ние сме спортски работници. Единствено што ме интересира е фудбалот. На теренот не очекувам провокации и се надевам дека се ќе биде во рамките на фер-плејот. Начинот на кој размислувам е да размислувам во контекс на спортот. Фудбалерите мои се мотивирани со самото тоа што го носат дресот на Македонија и не им треба дополнителна мотивација“.
Бугарите го прашаа Милевски за негово мислење за силата на утрешниот противник?
„Имате квалитетен тим, тој не е спорен. Не очекува тежок меч. Се надевам дека и ние и Вие ќе одиграме еден квалитетен меч. Секој натпревар е приказна за себе и за секој меч треба да имате посебен план. Дали планот ќе се исполни се прашува и противникот. Ќе видиме утре како се ќе се одвива“.