Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по победата над Новак Ѓоковиќ и пласманот во полуфиналето со емоции зборуваше на прес конференцијата.
„Неверојатен меч. За мене ова беше многу важно. Ви благодарам на сите за поддршката не само вечерва, туку и во текот на целата кариера. Новак е еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Секогаш е предизвик да се игра против него. Среќен сум што победив, ова е најважниот терен во мојата кариера. Овде ја почувствував најголемата љубов. Ова е теренот кој ми значи се“, изјави Рафа.
На прашањето дали ќе ја промени изјавата за тоа дека можеби никогаш повеќе нема да игра на Ролан Гарос.
„Се гледаме за два дена, тоа е се што можам да кажам“, порача Надал.