Насловните во бугарските весници со информации од “Спортмедиа“… Елмас вреди колку сите Бугари заедно! (ФОТО)

17389

Полека, но сигурно се загрева атмосферата во пресрет на утрешниот дуел во Разград меѓу Македонија и Бугарија. Тоа е меч од Лигата на Нации.

Секако дека со оглед на целокупната ситуација на релација меѓу Македонија и Бугарија, овој меч е интересен и од друг агол.

А дека се преземаат информациите од “другиот“ табор, доказ се насловните во бугарските весници. Во денешниот број на „Телеграф Мач“, главно е тоа дека нашата експедиција во Разград престојува со свој готвач и со храна понесена од Скопје, она што вчера „Спортмедиа“ ексклузивно го објави. И тоа поради страв од провокации.

Се пренесува и нашиот текст дека нивната фудбалска федерација го одбрала Разград а не Софија за овој меч, само поради тоа што се плашат од нашите фанови кои би дошле секако во голем број во главниот град на Бугарија.

Секако дека во преден план е и Елиф Елмас, за него Бугарите велат дека според Трансфермаркт цела нивна репрезентација вреди колку Дијамантот.

May be an image of 7 people, people standing and text that says 'цска отмъква искан от левски уредиха мач ред бул залцбург в австрия сряда юни 2022 настр. брой (617),г финалисима MMaч италия нелеграф футболният спортен вник българия аржентина масаили) мнение титлата AKO JAKO ффм настр.4-5 серия зapagu страх om провокация македонците си водят трета титла за щангите на евро 2022 готвач и храна сделка източният съсед избра „лъвовете" премия най- далечен град, за да избяга само при първо място от нашите фенове, пишат скопие лигата на нациите продадоха настр. милан € млрд 1899 намерете на'

ПретходноКај што почна Бугарија – тука дојде Македонија…!
СледноСрна: Ако треба ќе бидам тренер на Шахтјор, a би го возел и клупскиот автобус