Не паметат ваков инцидент: Тренер удри по колегата, па сакаше да го тепа претседателот (ВИДЕО)

472

Литванија денеска свдочи за незабележан инцидент во земјата на кошарката. На мечот бр. 3 од Литванската лига меѓу Ритас Вилнус и Лиеткабелис во втората четвртина од натпреварот во момент кога Ритас имаше предност од 26 поени, дојде до тепачка меѓу главниот тренер на Лиеткабелис, Ненад Чанак и играчот на Ритас, Гидриус ​​Зибенас.

Чанак беше исклучен, но неможејќи да ги смири нервите, на пат кон соблекувалната, влезе во вербален дуел со претседателот на Ритас, Дариус Гуделис, кој седеше на трибините, па се обиде да започне уште една тепачка.

Нервозата кај Чанак дојде кога играчот на Ритас, Буткевичиус, со лакт го удри Гидраитис од Лиеткабелис, но и покрај тоа што тој падна на подот судиите одлучија да не ја прекинат играта.

ПретходноФудбалерите на Реал (М) ќе добијат милионска премија за титулите во Шпанија и ЛШ
СледноПознат составот со кој Бугарија ќе тргне во Разград, само една промена во средниот ред