Ново обвинение за Менди: Му „накалемија“ уште едно, осмо силување

491
0

Бекот на Манчестер Сити, Бенжамин Менди доби и осмо обвинување за силување. Ова е од сосема нова жена, која го пријави за сексуалното насилство, кое наводно се случило во периодот од септември 2020 до август 2021 година во домот на фудбалерот. Пред само девет дена, Менди се изјасни за невин по сите обвиненија.

Фудбалерот ќе мора да се појави во судница на 25 јули. Заедно со 27-годишниот фудбалер со сенегалски пасош ќе биде и Луис Саха Матури, кој наводно го извршил насилството заедно со Менди.

ПретходноПознат составот со кој Бугарија ќе тргне во Разград, само една промена во средниот ред
СледноОдбојкарите поразени од Албанија во меч за заборав