ФФМ има донесено одлука со која фудбалерите кои беа дел од историскиот меч со Италија да бидат наградени со по 10.000 евра! Околу 300.000 евра е вкупната премија која националниот тим ќе ја подели за успехот од Палермо и сензационалниот триумф над Италија во ½ финалето од баражот за СП во Катар. Со голот на Александар Трајковски нашиот национален тим направи светска сензација, но за жал неколку дена покасно немавме сили за ново чудо и го загубивме финалето од Португалија. Вреди да се напомене дека ФФМ издвои 300.000 евра за награда иако за победата над Италија во касата на федерацијата нема да стигне никаква награда од ФИФА. Пред стартот на новата фаза од Лигата на нации која исто така дава шанса за пласман на ЕП 2024 се знае и наградниот фонд. Ако се освои групата во која сме заедно со Бугарија, Гибралтар и Грузија за фудбалерите има премија од околу 500.000 евра! Тоа е само за прво место во групата затоа што во тако случај ФФМ од УЕФА ќе заработи околу 1.5 милиони евра!