Првиот човек на Е.Пелистер со оценка: Имавме порази кои болеа, но и повеќе среќни моменти!

435

Е.Пелистер од следната сезона ќе биде во сосема ново руво. Раководството на клубот се раздели со деветмина ракометнари, на клупата на битолскиот тим нема да биде ниту, Жељко Бабиќ, наскоро ќе биде познат неговиот наследник.

Овој тим беше близу до една од двете титули, но и покрај бројните засилувања и вложени средства, сепак покажа дека нема шампионски менталитет.

Првиот човек на Е.Пелистер, Зоран Стерјев даде оценка на сезоната за првиот тим.

„Помина и оваа сезоза во која имавме порази кои болеа, но имавме и повеќе среќни моменти. Оваа генерација на Еурофарм Пелистер имаше голема шанса, покрај еден трофеј, кој после долги години дојде во Битола, да освои барем уште еден трофеј. Имавме квалитет и можности, но нешто друго недостигаше. Останува неспорен фактот дека после долго време Еурофарм Пелистер полни сали секаде каде настапува, во Битола, во Скопје, Белград, Франција, Швајцарија… Тое е еден знак дека работите одат во нагорна линина, во добар правец. Како клуб, но и како индивидуи мора да бидеме поуспешни“, Зоран Стерјев. 

Во Битола се посебно среќни за резултатите кои ги постигна вториот тим, се избори за место во Европа, цела сезона ракометарите играа борбено и хработ.

„Еурофарм Пелистер 2 ги надмина очекувањата кои што секој од нас ги имаше на почетокот со пласман прво во плеј-оф, а потоа и целосно заслужено во Европа. Цела сезона одигравте машки, борбено, на високо ниво и на сите им докажавте дека го заслужувате тоа место. Тоа создава посебна гордост“.
ПретходноУ17: Франција е нов европски првак во кадетска конкуренција (ВИДЕО)
СледноФудбалерите на Реал (М) ќе добијат милионска премија за титулите во Шпанија и ЛШ