Проблеми за селекцијата на Бугарија и нивниот селектор Јасен Петров. Имено тој не може да смета на двајца свои репрезентативци, на Ѓорѓи Јомов и Пламен Галабов, и двајцата биле повредени и не го одработија последниот тренинг денеска попладне.
Инаку Јомов е напаѓач на ЦСКА Софија кој пред неколку дена беше поврзуван со инцидент на кои имаше и пукање, додека Галабов е стопер и член на Макаби Нетанија.