Со години бугарскиот фудбал го тресат скандали, но со години Борислав Михајлов останува прв човек на Сојузот. Неговата опозиција се Димитар Бербатов и Стилијан Петров кои денеска бараат реакција на УЕФА и ФИФА по најновиот скандал кој го тресе бугарскиот фудбал.
Имено медимите се преплавени од видео снимка која е направена во 2011 година и на која се гледа како актуелниот и тогашен претседател на БФС слави со лица кои се осомничени за местење на дуелот Бугарија – Естонија.
„Една снимка која кажува илјада мисли, една снимка која потврдува како претседателот на БФС, во Сингапур празнува со Дан Тан – главниот шеф на местенките. Заедно се неколку дена по скандалозниот меч Бугарија – Естонија (2:2), меч со 4 пенали за кои ФИФА јавно призна дека е под истрага поради големи суми кои се исплатени“, кажува Бербатов за медиумите во Бугарија. Сеуште нема реакција од страна на Михајлов, кој исто така е големо фудбалски име во Бугарија и беше на голот на славната генерација на СП во САД. Неговиот син утре најверојатно ќе биде на голот на Бугарија за дуелот со Македонија.