Со пресврт во режија на неверојатниот десен бек, Саел Кумбеди, Франција стана нов европски шампион за играчи до 17 години. Во финалето на Европското првенство одиграно вечерва во Израел, Франција ја совлада селекцијата на Холандија со 2:1 и успеа да дојде до првата европска круна во кадетска конкуренција по пауза од 7 години.
Холандија победе во 48. минута со голот на Слори, по на сцена стапи неверојатниот Кумбеди кој за две минути постигна два гола (58’ и 60’) со што на Франција и обезбеди голем пресврт, а на крајот и европска круна.