Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос по поразот од Рафаел Надал со 3-1 и со тоа не само што ќе остане без титулата во Париз туку од понеделник ќе го изгуби и првото место на АТП листата, а според пресметките ќе падне дури на третата позиција.
Новак со поразот во четвртфиналето одбрани само 360 бодови и со минус од 1640 бодови ќе застане на третото место зад Данил Медведев и Александар Зверев. А кој од нив двајца ќе биде прв, а кој втор зависи од резултатите на Германецт во продолжението на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ до сега ја впиша 371 недела на врвот на АТП листата и му недостасуваа уште седум недели за да го урне апсолутниот рекорд во тенисот кој го држи Штефи Граф.